Светот во солзи: Малиот Бредли го загуби животниот натпревар

Тажна информација доаѓа од Англија. Навивачот на Сандерленд, шестгодишниот Бредли Ловери ја загуби битката со туморот.

„По голема битка нашиот Бредли денеска почина“ – соопшти неговото семејство.

maliot bredli 2

На Бредли пред три години му беше дијагностицирана неуробластома, со која се борел практично од самото раѓање. Но, болеста се поврати последната година и големиот навивач на Сандерленд последните денови беше во исклучително тешка состојба. Покрај семејството, со него цело време беше и англискиот напаѓач Џермејн Дефо.

Бредли Ловери е момчете кое успеа да ги обедини фудбалерите од буквално сите клубови на Островот!

Се вчитува...