Светската антидопинг агенција (ВАДА) објави дека нема да се жали на едномесечната суспензија на светскиот рекет број два Ига Швјонтек, која беше казнета поради позитивен тест за забранета супстанца во средината на август 2024 година.
Петкратната победничка на Гренд Слем прифати едномесечна суспензија во ноември, откако беше позитивна на примерок во август, што беше предизвикано од контаминација од нејзиниот лек мелатонин.
„Научните експерти на ВАДА потврдија дека специфичното сценарио за контаминиран мелатонин, како што е претставено од спортистот и прифатено од „ИТИА“, е веројатно и дека не постои научна основа за оспорување во „ЦАС““, се вели во соопштението на Светската антидопинг агенција.
Швјонтек рече дека го земала поради проблеми со спиењето и дека не и била одредена долга забрана откако Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) пресуди дека нема значителна грешка или небрежност од нејзина страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА