Светски и олимписки шампион трчал допингуван!

Атлетиката ја потресува нова допинг афера во која е инволвиран еден од најдобрите светски атлетичари на средни патеки. Тројниот светски и олимписки шампион од ОИ 2018 во Пекинг на 1.500 метри, Асбел Кипрог, на допинг тестот направен во 2017 година бил позитивен на ЕПО.

Кениецот тврди дека дошло до грешка и дека не е тестиран неговиот примерок.

Кипрог има трет најдобар резултат на сите времиња на 1.500 метри – 3,26:69. Побрзи од него се само Хичам Ел Геруж (3,26:00) и Бернард Лагат (3,26:34).

Се вчитува...