Светски рекорд: Кејн го менува Ибрахимовиќ на „Олд трафорд“!

Жозе Мурињо ќе ја има целосната поддршка на раководството на Манчестер јунајтед за да состави тим што ќе се бори за титулата во новата премиерлигашка сезона, а главна желба на „специјалниот“ за летово е голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн. Португалецот ќе има и огромен буџет на располагање, а приоритет по доведувањето на Линделоф му е ангажман на двајца врвни голгетери, кои би го заземале местото во тимот на Златан Ибрахимовиќ и на Вејн Руни.

Преговорите со Реал Мадрид за Алваро Мората се веќе стартувани, a англиските медиуми во своите денешни изданија откриваат дека најголема желба на Мурињо за летово е – Хари Кејн. Англискиот репрезентативец имаше уште една фантастична сезона во Тотенхем, па „ѓаволите“ неслучајно го имаат „пикирано“ како најдобар избор за долгогодишен предводник на нападот.

Кејн неодамна потпиша нов договор со Тотенхем, но „црвените ѓаволи“ подготвуваат понуда што тешко може да биде одбиена. Неофицијално, станува збор за сума од 130 милиони фунти, со што Кејн би станал најскап светски фудбалер, воедно би добил и плата од 250.000 фунти неделно, што е доволна причина и самиот фудбалер да почне да размислува за евентуално заминување од таборот на „спарси“.

Се вчитува...