Светскиот и европски шампион „падна“ во Загреб

Голем триумф на кошаркарите на Хрватска во мечот против светскиот и европски првак Германија со 93-88 во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Двете селекции имаа свои добри и свои лоши моменти во текот на мечот. Германците имаа предност на полувремето, но Хрватска успеа да се разбуди во второто полувреме. Клучниот пресврт се случи во третиот период, но крајот имаше драма во корист на Хрватска за триумф.

Шариќ со 23 поени ги предводеше Хрватитте, додека Хезоња постигна 21 поен.

Се вчитува...