Светскиот шампион Данска со најдобрите против Македонија во евроквалификациите

Селекторот на актуелниот светски ракометен шампион Данска, Николај Јакобсен го објави списокот за двата евроквалификациски натпревари кои во март ќе ги играат со Македонија.

Данците предводени од Микел Хансен и Никлас Ландин Јакобсен ќе и се спротистават на новата Македонија која ќе биде предводена од легендата на македонскиот ракомет Кире Лазаров.

Првиот натпревар е закажан за 10. март, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, додека реваншот е закажан за четири дена подоцна во Алборг. Македонија одлично ги стартуваше квалификациите со победи на домашен терен против Финска и на гости против Швајцарија.

Се вчитува...