Светското првенство ќе остане без јужноамериканските репрезентации?!

Идејата на човек задолжен од ФИФА за глобален развој на спортот, Арсен Венгер за Светското првенство да се одржува на секои две години наиде на жестоки реакции во јавноста, а многумина го кренаа гласот против реализација на оваа цел.

Еден од нив е и Фудбалскиот сојуз на Јужна Америка (CONMEBOL) кој објави дека сите негови членки, меѓу кои е и петкратниот светски шампион, Бразил ќе го бојкотираат првенството доколку ФИФА ја прифати одлуката за натпреварувањето од четири да се премести на две години.

„Нема причина за ваква одлука која ја предлага ФИФА. Тоа е прекршување на традиција која трае стотици години за еден од најважните настапи на планетата. Сегашниот модел се прикажа како многу успешен и затоа десет членки на CONMEBOL потврдија дека нема да ја прафатат идејата Светското првенство да се одржува на секои две години“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Јужна Америка.

Против ваква одлука е и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, а не е расположен ниту Меѓународниот олимписки одбор бидејќи смета дека Светско првенство на секои две години ќе засени останати големи спортски настани.

Се вчитува...