„Светците“ без сон во Барселона: Огномет пред хотелот на ПСЖ (видео)

Фудбалерите на ПСЖ нема да имаат мирен сон вечерва во Барселона пред утрешниот дуел со каталонскиот гигант во осминафиналето од ЛШ.

Навивачите на Барса уште пред неколку часа почнаа со своето „шоу“ пред хотелот каде е сместена француската експедиција, а нешто пред 22 часот беше запален и огномет.

Полицијата само за момент ги расчисти навивачите, но се очекува тие да продолжат во ист стил во текот на ноќта, се со цел да ги исфрлат од ритам избраниците на Покетино.

Се вчитува...