„Светците“ доминантни против Ним

Пари Сен Жермен ја оствари 22.победа во францускиот шампионат, откако на домашен терен го совлада Ним со 3-0. Тимот на Томас Тухел доминираше, а резултатот го отвори Кристофер Нкунку во 40.минута од натпреварот.

Во вториот дел, Килијан Мбапе постигна уште два гола за ПСЖ. Во 69.минута тој беше стрелец на вториот погодок за „светците“, а погоди и во финишот за конечни 3-0.

ПСЖ по 25 кола има освоено 68 бода, дури 17 повеќе од второпласираниот Лил.

Се вчитува...