„Светците“ и без Нејмар се пресилни за Рен

Пари Сен Жермен ја оствари 18.победа во францускиот шампионат, совладувајќи го Рен со 4-1 на „Паркот на принцовите“. Тренерот Томас Тухел поради повреда го немаше на располагање Нејмар, но и без него „светците“ се многу силни за Рен.

Единсон Кавани во седмата минута донесе предност, но Нијанг се погрижи Рен на полувреме да замине без негатива (1-1). Сепак, во вториот дел ПСЖ уфрли во поголема брзина.

Ди Марија повторно донесе водство за ПСЖ, Мбапе зголеми на 3-1, а серијата голови ја затвори Единсон Кавани.

Се вчитува...