„Светците“ лесно со Реимс – за седум од седум

Пари Сен Жермен на убедлив начин дојде до седмиот триумф оваа сезона во францускиот шампионат во исто толку настапи. „Светците“ го совлада Реимс со 4-1.

Гостите поведоа во втората минута со голот на Чавалерин, но одговори веднаш и Кавани, само три минути подоцна. Нејмар од пенал донесе предност за ПСЖ, а до крајот на првиот дел Кавани уште еднаш се запиша меѓу стрелците. Во вториот дел погоди и Томас Муние, за конечни 4-1.

Се вчитува...