„Светците“ немаат пардон – ПСЖ го продава Вајналдум во јануарскиот преоден рок

Очигледно Џорџињо Вајналдум нема да се задржи долго во редовите на ПСЖ, бидејќи клубот од Париз одлучил да го стави на продажба веќе во јануарскиот преоден рок. Холанѓанецот по завршувањето на минатата сезона како слободен агент се пресели во редовите на ПСЖ.

Иако очекуваше првотимски статус, тој игра многу малку кај Маурисио Покетино. Самиот фудбалер го искажа своето незадоволство во едно интервју за холандските медиуми па веројатно разделба по само шест месеци е најдобра варијатна за сите.

Планот на ПСЖ е да го продаде Вајналдум, а како замена да го доведе неговиот сонародник Френки де Јонг од Барселона. Плејмејкерот исто така е на продажба, бидејќи Каталонците бараат начин да соберат средства за да излезат од тешката финансиска состојба.

Се вчитува...