„Светците“ од Париз со лекција за „црвените ѓаволи“

Оле Гунар Солскјер го претрпе својот прв пораз како менаџер на Манчестер Јунајтед и тоа најлош момент, во првиот осминафинален натпревар од ЛШ против ПСЖ (0-2). Отсуството на Нејмар и Кавани значително ги зголеми шансите на „црвените ѓаволи“ во пресрет на овој двомеч, но Солскјер и неговите избраници тотално потфрлија на вечерашниот дуел, не создадоа ниту една стопроцентна шанса и заслужено капитулираа пред поквалитетниот противник.

Килијан Мбапе ја промаши единствената стопроцентна шанса во првото полувреме, што беше само најава за шоуто на гостите во вторите 45 минути игра на „Олд трафорд“. Анхел ди Марија цело прво полувреме беше исвиркуван од домапните фанови, но им се одмазди со две асистенции, првата од корнер до Кимпембе, и втората – беспрекорно додавање за рутинска реализација на Мбапе.

Токму Мбапе при 0-2 имаше уште една стопроцентна шанса за нов гол, но неговиот обид за лоб Де Хеа успеа да го запре. Солскјер згора на тоа остана и без Марсијал и Лингард, а со Алексис Санчез и Мата беше безопасен по голот на Буфон. Лукаку влезе во игра во 83. минута, но и тој не остави никаква трага во играта на Јунајтед, а згора на тоа домаќините мечот го завршија со десет фубалери, по црвениот картон што во 90. минута го заработи Погба.

Се вчитува...