„Светците“ останаа без првата ѕвезда – Меси ја активираше „аргентинската“ клаузула во договорот со ПСЖ

Лионел Меси ја активираше „аргентинската“ клаузула во договорот со „светците“, а ова значи дека Аргентинецот ќе го пропушти дуелот помеѓу ПСЖ и Клермон во рамки на 5.коло во Лига 1, што се игра оваа сабота.

Лео во својот договор со францускиот гигант има договорена клаузула, која му овозможува да не игра за ПСЖ ако има репрезентативни обврски. За потсетување, Аргентина во квалификациите за Светското првенство игра дуел со Боливија во петок наутро во 1:30 часот по средноевропско време.

Меси нема време да стигне до Париз и следниот ден да игра за „светците“ против Клермон на „Паркот на принцовите“. Ова значи дека домашните фанови ќе почекаат на негово деби во Париз. Аргентинецот дебитираше во новиот клуб на гостувањето кај Ремс во минатото коло, кога одигра 25 минути.

Се вчитува...