„Светците“ подобри од Башакшехир, Челси убедлив со Краснодар

Пари Сен Жермен стигна до првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона откако во Истанбул го совлада Башакшехир со 0-2. Иако без Нејмар, кој се повреди во првиот дел, „светците“ го скршија отпорот на домашниот тим во второто полувреме. Моисе Кен беше стрелец на двата гола во 64. и во 79.минута.

Челси беше уште поубедлив на гостувањето против Краснодар и славеше со 0-4. Жоргињо на стартот не реализира пенал, но Калум Хадсон – Одои погоди за водство на англискиот тим во 37.минута. Во вториот дел стрелаа и Тимо Вернер од пенал, Хаким Зијеч и Кристијан Пулишиќ.

Се вчитува...