„Светците“ преку Макрон ќе го молат Мбапе да остане во ПСЖ!

Челниците на ПСЖ годинава договорија големи ѕвезди во екипата, па сега го имаат со сигурност најконкурентниот тим во Европа, па дефинитивно важат за големи фаворити за освојување на Лигата на шампиони (ЛШ), сепак, шеиците се соочуваат со мака, Килијан Мбапе никако не попушта и сака по секоја цена да го напушти тимот од Париз.

Веќе ПСЖ му понуди на 22-годишниот напаѓач договор според кој ќе заработува по 45 милиони евра годишно до 2024, но Мбапе ја одби и ваквата понуда.

Францускиот напаѓач сака да се пресели во Реал Мадрид, каде што би можел летово да се замине како слободен играч, но ПСЖ не се откажува и сега преку претседателот на Франција, Емануел Макрон, сакаат да го убедат да остане.

Макрон му испратил неколку пораки на Мбапе и се обидувал да го убеди Французинот да ги одбие понудите од Мадрид со цел талентираниот фудбалер да остане во ПСЖ.

Се вчитува...