„Светците“ се лоши лузери – Ди Марија ги загуби нервите, па доби црвен картон

ПСЖ можеби има бројни „ѕвезди“ во своите редови, но францускиот првак мора да научи нешто за ферплеј и спортски однос на теренот кога резултатот не му оди во полза.

На првиот меч во Париз бевме сведоци на „старт за во затвор“ на Геје над Гундоган, а ПСЖ остана со играч помалку и на вечерашниот реванш во Манчестер.

Анхел ди Марија беше играчот што поцрвене на „Итихад“, откако Агентинецот наседна на провокацијата на Фернандињо и го згазна противничкиот фудбалер додека топката беше надвор од теренот.Крајно почетнички и неспортски потег од еден толку искусен фудбалер како Ди Марија.

Ова беше вкупно четврти црвен картон за играчи на ПСЖ сезонава во Лигата на Шампионите, двојно повеќе од наредниот тим на листата од најнедисциплинирани во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...