„Светците“ си поиграа со Црвена Звезда, Шалке ја освои Москва

Пари Сен Жермен, според очекувањата, убедливо славеше против српскиот првак Црвена Звезда на „Паркот на принцовите“. Тимот на Томас Тухел победи со 6-1 откако комплетно доминираше во текот на целиот натпревар.

Нејмар постигна хет – трик, а во листата на стрелците се запишаа и Единсон Кавани, Анхел Ди Марија и Килијан Мбапе. Единствениот гол за „црвено-белите“ го постигна Марко Марин.

Бразилскиот ас Нејмар ја отвори серијата голови со прекрасно изведен слободен удар во 20.минута, а две минути подоцна зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел стрелаа и Кавани и Ди Марија.

Мбапе го постигна петтиот гол, потоа Марин намали на 5-1, а Нејмар со уште еден одлично изведен слободен удар го постави 6-1.

Шалке оствари триумф (0-1) на гости против Локомотив Москва со голот на Вестон Меккени во 89.минута од средбата.

Се вчитува...