Свитолина ја реши и Каролина Плишкова

Елина Свитолина е најпријатно изненадување на стартот од ВТА-шампиoнатот, откако во второто коло во „белата група“ ја забележа и втората победа, овојпат над Каролина Плишкова со 2-1 во сетови.

За разлика од првиот дуел со Петра Квитова, овојпат украинската тенисерка наиде на посериозен отпор од страна на Плишкова. Свитолина беше подобра во првиот сет добивајќи го со 6-3, но Плишкова одговори со добра игра во вториот, славејќи со 2-6. Дилемите околу победникот исчезнаа на самиот почеток од третиот сет, што Украинката го отвори со водство од 4-0, за конечен триумф од 6-3.

И покрај двете победи на стартот, Свитолина се уште нема обезбедено пласман во полуфиналето, за што ќе и биде доволен само еден сет во последното коло против Каролин Вознијацки.

Се вчитува...