Свитолина-Монфис и Вондрушова први полуфиналистки на ЛОИ

Украинката Елина Свитолина-Монфис се пласираше во полуфиналето на тенискиот турнир на Летните олимписки игри откако во првото четвртфинале славеше над Италијанката, Камила Џорџи со 2-0, идентични 6-4 и 6-4 во двата сета.

Украинката игра одлично на првиот турнир откако стапи во брак со францускиот тенисер Гаел Монфис. Во полуфиналето таа ќе игра против чешката тенисерка Маркета Вондрушова која што се пласираше меѓу четирите најдобри откако по добивање на првиот сет со 6-3 нејзината противничка, Шпанката, Паула Бадоса предаде поради тропските температури во Токио на количка беше изнесена од теренот.

Се вчитува...