Украинската тенисерка Елена Свитолина ја освои титулата во Рим, и испрати сериозна порака на своите ривалки пред Ролан Гарос.
Во финалето, по голема борба, таа ја победи Коко Гоф со 6:4, 6:7(2), 6:2 и со тоа ја освои првата титула во натпреварите од серијата 1.000 метри по осум години, а петтата вкупно.
Последен пат пред овој трофеј на турнири од оваа категорија, таа славеше во 2018 година во Рим, кога во финалето ја победи Симона Халеп.
Од понеделник Свитолина ќе биде седума на ВТА листата, додека Гоф ќе биде четврта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
