Свитолина тргна со победа на ВТА финалето во Сингапур

Украинката, Елина Свитолина ја запиша воведната победа на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки кој се одржува во Сингапур. Во стартната рунда од „белата“ група, Свитолина во два сета (6-3,6-3) ја победи Чехинката, Петра Квитова.

Во дуелот на шесто и седморнгираната на ВТА листата, помладата тенисерка не дозволи Квитова да направи повеќе од само по три гема во секој од сетовите. Свитолина конечно ја прекина серијата на Квитова од седум последовни победи во меѓусебните дуели.

Во оваа конкуренција денеска играат и бранителката на трофејот од минатата година, Каролне Возњаки и Каролина Плишкова.

Дуелите од првото коло во „црвента“ група меѓу Кербер-Бертенс и Стивенс-Осака се закажани за утре.

Се вчитува...