Табоада: Пелистер е одлична можност за да се дефинирам како ракометар

Новата аквизиција на Е. Пелистер, Реине Табадоа со први импресии за македонскиот суперлигаш и неговите очекувања пресрет на новата сезона. Кубанецот вели дека Пелистер е одлична шанса за тој да се дефинира како ракометар.

„Еурофарм Пелистер е клуб кој напредува постојано. Беше второпласиран во домашниот шампионат минатата сезона. Ова е добра шанса за мене да се дефинирам како ракометар и да му помогнам да екипата да се искачи на првото место и да освојува титули. Сакам да играм „еден на еден“, ја користам мојата физичка сила. Но, интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина. Гледав некои европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дереби натпреварите против Вардар 1961 во домашната Суперлига. Ми оставија добар впечаток и ова е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата“, изјави Табоада. 

Се вчитува...