Тадиќ искрен за поразот: Швајцарците трчаа повеќе од нас

Селекцијата на Србија загуби со 1-2 од Швајцарија и значително си ги намали шансите за пласман во осминафиналето. Нашиот северен сосед имаше водство од 1-0 по првото полувреме со голот на Митровиќ, но Џака и Шаќири донесоа целосен пресврт во вториот дел.

Разочараност владее во таборот на Србија, а играчот за врска Душан Тадиќ беше брутално искрен.

„Каков судија, каква радост на Швајцарците што не провоцирала?! Па, момците трчаа повеќе од нас и не победија. Мислев дека сме доволно зрели како тим за да знаеме да решиме вакви натпревари. Тоа не знаевме да го направиме во второто полувреме. Тие трчаа повеќе од нас и во одбраната и во нападот. Тоа е причината за нашиот пораз“, призна Тадиќ.

Се вчитува...