Тадиќ: Многу е добро чувството кога ќе победите ваков тим на ваков стадион

Ајакс го осигура своето место во нокаут фазата од Лигата на Шампионите откако вчера славеше на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 1-3. Германците први поведоа на натпреварот, но до крајот на мечот Холанѓаните стигнаа до пресврт со головите на Тадиќ, Халер и Класен.

Српскиот репрезентативец кој беше стрелец на изедначувачкиот гол, а по натпреварот откри што било клучно за големиот пресврт.

„Прекрасно. Имаме 12 освоени бода по четири натпревари. Многу е добро чувството кога ќе победите одличен тим на одличен стадион како што е овој. Мислам дека во првото полувреме игравме многу лошо и пречесто ја губевме топката. На полувремето рековме дека мора да додаваме повеќе, топката побрзо да циркулира, но и да престанеме со грешките. Другото полувреме беше многу подобро“, изјави Тадиќ.

Се вчитува...