Тадиќ: Освоивме 10 бода, а испаднавме од ЛШ

Холандскиот Ајакс лани беше најпријатното изненадување во Лигата на шампионите, а оваа сезона не успеа да ја мине групната фаза. Ќе мора да се задоволи со настап во продолжението од Лигата на Европа, по поразот на домашен терен од Валенсија (0-1).

„Ова боли навистина многу. Не знам што да кажам, имаме десет бода, а испаднавме од Лигата на шампионите. Нашиот сон беше да го освоиме трофејот. Лига Европа не е никаква утеха. Чуден натпревар, имавме контрола, а потоа примивме гол“, изјави капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ.

Валенсија и Челси освоија по 11 бода во групата Х и продолжуваат во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...