Тадиќ во 2021 урна рекорд на Меси, а никој не го споменува тоа

Дека некогаш добриот маркетинг и пи-ар во спортот е поважен од квалитетот покажува ситуацијата со капитенот на Ајакс, српскиот репрезентативец Душан Тадиќ. Имено тој сезонава игра сезона како ниту еден друг фудбалер во Европа.

Успеа за шампионот на Холандија да забележи 37 асистенции во календарската 2021 година со кои го урна рекордот за најмногу асистенции кој го држеше веројатно најдобриот играч на сите времиња Лионел Меси (36).

И доколку Меси успееше повторно да го надмине својот рекорд разговорите за тоа како е „ГОАТ“ ќе траеја деноноќно, Србинот никој не го ни споменува. Не беше ниту во игра за освојување на „Златната топка“, ниту пак во разговор за било какво признание сезонава.

 

Се вчитува...