Тафа бира меѓу Ренова и два албански клуба

Дефанзивецот Арбен Тафа треба да одбере една од трите понуди кои ги има на маса во зимскиот преоден рок.

За услугите на стружанецот заинтересирани се еден македонски клуб, како што дознаваме Ренова, и два албански клубови.

„Ме контактираа екипи и ги разгледувам понудите. За сега немам ништо одлучено, но сигурен сум дека ќе го одберам најдоброто“ – вели Тафа.

Есенската полусезона Тафа ја помина без клуб, после предвремениот раскин на договорот со Беласица. Пред тоа настапуваше за Струга Трим Лум, Хоризонт Турново.

Се вчитува...