Тага во Италија – Згасна Палермо

Поранешниот клуб на двајцата македонски репрезентативци Несторовски и Трајковски, Палермо згасна. Сицилијанскиот тим кој знаеше да извади голем број ѕвезди, како Дибала, Кавани згасна по точно 32 години постоење.

На ваквото сценарио му претходеа големи финансиски проблеми со кои клубот се соочуваше подолг период. Имено минатата година не му беше дозволено да настапи во плеј-офот за влез во Серија А, а поради целата ситуација од клубот мораа да си заминат и македонските репрезентативци Трајковски и Несторовски.

Клубот кој денеска згасна е четврта верзија на оригиналниот Палермо кој настана во 1900 година, а годинава поради проблемите со финансии, беше формиран нов клуб ССД Палермо кој се натпреварува во Серија Д.

Се вчитува...