Тај Харис од ТФТ е МВП на првиот дел од БИБЛ! (ФОТО)

Кошаркарот на ТФТ, Тај Харис е избран за најкорисен играч на првиот дел од првенството во БИБЛ лигата. Добрите партии на Американецот беа клучни за македонскиот новалија да се најде во вториот дел од натпреварувањето, а неговиот просек од фантастичен. 29-годишниот бек на 10 одиграни средби бележи 20.7 поени, 7.9 асистенции и 4.0 скока, со индекс на успешност од 22.4.

Харис забележа двоцифрен број на поени на девет од десет средби, а најдобиот поентерски натпревар беше против Ибар на почеокот на месец декември кога постигна 30 поени, додека најдобриот „ол-ароунд“ натпревар беше дуелот против Берое, победа во која Американецот натпреварот го заврши со 25 поени, 10 асистенции и индекс на корисност од 29.

Се вчитува...