Тајландските деца херои гости на Манчестер Јунајтед

Дванаесетте момчиња и нивниот тренер кои во јули годинава минаа повеќе од две седмици заробени во пештера се специјални гости на Манчестер Јунајтед. Младите фудбалери, во тренинг комплексот во Карингтон ги пречека менаџерот Жозе Мурињо, а потоа се сретнаа и со сите ѕвезди на клубот.

Групата од 12 деца и нивниот тренер беа заглавени во поплавената пештера и за извлекувањето беше организирана една од најголемите и најтешките спасувачки мисии. Уште додека траеше драмата, Манчестер Јунајтед најави дека ќе организира посета за децата.

 

 

Се вчитува...