Тајлер Дорси повторно ќе носи „црвено-бело“

Американскиот кошаркар со грчки пасош, Тајлер Дорси во новата сезона одново ќе го носи дресот на Олимпијакос, пренесува доброупатниот „Еврохупс“. Бекот ќе потпише договор со важност од две години.

Дваестиосумгодишникот кој со Олимпијакос во сезоната 2021/22 го освои грчкото првенство, а настапи и на финалниот турнир на Евролигата, но неговиот тим претрпе пораз во полуфиналето од Ефес минатата сезона ја заврши во редовите на Фенербахче.

Се вчитува...