Тајлер Дорси за посилен Фенербахче

Тајлер Дорси од денеска официјално е нов кошаркар на Фенербахче, потврди турскиот клуб. Грчкиот репрезентативец во Истанбул доаѓа од НБА лигата каде прво го носеше дресот на Далас, а подоцна и на развојниот тим во Џи-лигата и се очекува да биде големо засилување за еднократниот освојувач на најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Дорси кој претходната сезона со успех настапуваше за Олимпијакос потпиша договор до 2025 година вреден 1.5 милиони евра по сезона со што ќе биде еден од најплатените кошаркари во Европа.

Се вчитува...