Тајмаутот на Вујо што ги крена Словенците од ’мртвите’: Сега дајте се во животот, како да е крај на светот (ВИДЕО)

Веселин Вујовиќ со Словенија го стори речиси невозможното во малото финале на ракометниот мундијал во Франција. Губеа со осум гола разлика во второто полувреме, а на крајот успеаја да ја победат Хрватска. На десетина минути пред крајот, Вујо повика тајмаут и со своите зборови ги крена словенечките ракометари од „мртвите“.

„Сега морате да ’изгинете’, последни десет минути, дајте се во животот, како да е крај на светот“, емотивно им порача Вујовиќ на своите играчи. Тие одговорија на најдобар можен начин…

Veselin Vujović- ‘Igrajte 10 zadnjih minuta kao… by goloviliga

Се вчитува...