Тајната клаузула во договорот на Ерлинг Халанд

Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд одлучи да го напушти австрискиот Салцбург и зимава да премине во редовите на Борусија Дортмунд. Германскиот великан во борбата за потписот на 19-годишникот ги победи Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Халанд со Борусија потпиша договор до 2024 година, но како што пренесуваат германските медиуми, тој уште во 2022 може да го напушти клубот. Клаузулата е сосема јасна. Додека дојде понуда од екипи како што се Манчестер Јунајтед, Јувентус или Барселона, Норвежанецот може да замине. Халанд во редовите на австрискиот шампион одигра 22 натпревари на кои постигна неверојатни 28 гола.

 

Се вчитува...