Тајната на успехот на Богдановиќ: Тренирам и сонувам големи работи

Богдан Богдановиќ уште еднаш ја покажа својата големина, погодувајќи го најзначајниот шут за тројка на помалку од две минути до крајот со кој стави крај на надежите за камбек на Русија во вечерашното полуфинале. Асот на Фенербахче, кој летово направи трансфер во НБА-лигата, по мечот ја откри и својата формула за успехот, што му гарантира фантастична кариера.

Горд сум на овие момци, одигравме одлична кошарка и заслужено сме во финалето. Мојата тајна за успех? Едноставна – тренирам напорно, верувам во себе и сонувам големи работи“ – истакна Богдановиќ.

Најдобриот српски кошаркар на овој шампионат има само пофални зборови за ривалот во финалето – селекцијата на Словенија.

„Ниту тие самите не можеа да поверуваат дека се во финалето, но Словенија го заслужи тоа. Дончиќ и Драгиќ се извонредни кошаркари и вистински лидери, но силата на Словенија е во моќниот колектив, а не во индивидуалците. Сепак, тоа ќе биде финале, а во него и двете селекции ќе дадат се од себе за да се закитат со златото“ – изјави Богдан Богдановиќ.

Се вчитува...