„Тајната вечера“ во Манчестер – само двајца играчи гласале Мурињо да остане

Заминувањето на Жозе Мурињо останува главна тема на британската спортска јавност, која открива се повеќе детали околу случувањата во Манчестер Јунајтед во пресрет на отказот што му бил доделен на португалскиот стратег. Добро познат факт е дека Мурињо беше „во војна“ со голем дел од фудбалерите, но во секој случај разочарувачки е податокот дека по врачениот отказ Португалецот минал неколку часа во својата канцеларија, период во кој со него дошле да се поздрават само четири фудбалери, и тоа Немања Матиќ, Ромелу Лукаку, Ешли Јанг и Маруан Фелаини.

Весниците „Мирор“ и „Сан“ тврдат дека поддршката што ја имал Мурињо била уште помала, откривајќи дека вечерта по поразот од Ливерпул директорот Вудворд ги собрал фудбалерите, од кои барал директен одговор на прашањето: Дали Жозе да си замине или да остане во клубот. Од 25 фудбалери кои гласале само двајца застанале до крај зад Мурињо, и тоа Немања Матиќ и Ромелу Лукаку.

Не е никаква тајна дека најсреќен по веста за заминувањето на Мурињо бил Пол Погба, кој уште од минатата сезона водеше војна со стратегот на Јунајтед. Сепак, последните информации од Англија говорат дека без оглед на раскинот со Мурињо, „ѓаволите“ не го менуваат ставот за Погба, кого го сметаат за промашено засилување и кој би можел веќе во јануарскиот преоден рок да си ззамине од „Олд трафорд“.

Се вчитува...