Тајрик Џонс ќе мора да плати огромни 100.000 евра за своето учество во големиот инцидент по завршувањето на финалето во грчкиот плејоф, кога центарот на Олимпијакос пред соблекувалните физички го нападна противничкиот кошаркар Кендрик Нан.
За среќа, беше спречен уште посериозен инцидент, но комисијата за спречување на насилство во спортот во Грција се реши за жестоки казни, па така Џонс ќе мора да плати 100.000 евра, а Кендрик Нан 50.000 евра за своето учество во инцидентот.
Олимпијакос поради слабата организација е казнет со играње на еден натпревар од домашното првенство пред празни трибини.
Мора да се истакне дека паралелна истрага води и грчката кошаркарска федерација, која дополнително ќе ги санкционира сите вклучени во големиот инцидент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
