Тајсон доби понуда со провокација: „Ништо нема да ти скршам…“

Мајк Тајсон е блиску до враќање во рингот иако се уште нема официјален датум за евентуално борба на легендарниот боксер.

Тајсон го коментираше и начинот и износите со кои се плаќаат УФЦ борците, притоа шегувајќи се и со Џон Џонс.

„Џон треба да се бори со мене ако сака да заработи многу пари“ – рече Тајсон, и многу брзо го доби и одговорот од Џонс.

„Мајк Тајсон, ќе боксуваме во ринг ако ми ветиш вистинска борба потоа во октагон. Те почитувам и ветувам дека нема да ти скршам ништо“ – порача Џонс.

Се вчитува...