Тајсон Фјури му се враќа на боксот

Боксот останува побогат за уште едно врвно име откако Тајсон Фјури вечерва обелодени дека е подготвен да се врати во рингот. Британецот во 2015 година го победи Владимир Кличков, но неколку месеци подоцна сите титули му беа одземени бидејќи падна на допинг-тест, по што Фјури објави дека ја завршува кариерата.

Поранешниот првак потоа објаснуваше дека станувало збор за дрога која му помагала во борба против депресијата, а не стимуланси кои би го правеле поопасен во рингот. Следеше казна, но Фјури сега е подготвен за камбек во рингот, во борба што најверојатно ќе се одржи на 13 мај.

Најнови вести. Кралот се враќа на 13 мај. Работиме на наоѓање на противник. Фала ми што ми ги чувавте појасите, доаѓам по нив“ – порача Фјури преку својот твитер профил.

Се вчитува...