Се поблиску е 28. ноември и блокбастерот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Џуниор. „Железниот Мајк“ говореше за дуелот кој ќе биде во хуманитарни цели, а вели дека истото сака да го повтори и со најголемите боксерски ѕвезди на денешницата.
„По мечот со Џонс, би сакал да имам мечеви проти најдобрите боксери на денешницата. Со Џошуа, Вајлдер и Фјури можам да заработам многу повеќе пари и да им помогнам на многу повеќе луѓе. Тие се неверојатни борци и егзибициски мечеви со нив ќе бидат нешто неверојатно“, изјави Тајсон.
Тајсон и Џонс на 28. ноември ќе се борат во меч од осум рунди, а и двајцата борци рекоа дека и покрај тоа што е ревијален меч тие ќе одат да победат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА