Тајсон се врати по 15 години, мечот без победник, па Мајк се налути и побара реванш (ВИДЕО)

Мајк Тајсон, по 15 години, повторно се врати во рингот. Во егзибициски меч во „Стејплц центарот“ во Лос Анѓелес, 54-годишнниот Тајсон и 51-годишниот Рој Џонс боксуваа осум рунда од по две минути, а на крајот борбата заврши без победник со одлука на жирито.

Тајсон веднаш по борбата бараше реванш, затоа што како што рече, мора да има победник меѓу нив двајцата.

 

Еден од најголемите боксери на сите времиња беше лут затоа што не ја заврши борбата. Удираше и по звукот на гонгот кој означува крај на рундата, исто онака како што правеше и во текот на кариерата. Очигледно беше силно мотивиран пред секоја рунда, но по 20 секунди остануваше без сила.

Брутални удари овој пат изостанаа, а љубителите на боксот видоа само кратка размена во петтата рунда. На крајот од секоја рунда Тајсон делуваше разочарано не сакајќи да оди во аголот. Според него, две минути за рунда се премалку, иако ја нема моќта и силата од најдобрите свои денови. Во последната рунда даде се од себе, покажа повеќе желба, но и двајцата едвај дишеа во рингот.

Тензии брзо престанаа а мечот заврши нерешено, што е најреален исход, иако Тајсон остави многу подобар впечаток упатувајќи двојно повеќе удари кон противникот.

Се вчитува...