Тајсон за животот во затвор: Толку многу се сексав, што немав сила за теретана

Мајк Тајсон беше во затвор во Индијанополис од 1992 до 1995 година, осуден на шест години поради силување на Дизаре Вашингтон. Но, по три години беше пуштен на слобода, по што се врати на боксот.

Поранешниот светски шампион открива дека пред отслужување на казната спиел дневно со 15 жени, а истото тоа не се променило и во затворот. Тврди дека ја завел советничката за борба против дрога во затворот, а го посетувале и голем број девојки.

„Тогаш толку многу се сексав секој ден што немав сили за теретана и тренинг. По цел ден лежев во мојата ќелија. Сега, на овие години, сигурно не би можел да спијам со толку жени дневно, но и натаму сум добар. Сексот со жените по цел ден повеќе не е забавен како тогаш кога бев млад“ – вели Тајсон.

Мајк Тајсон и на 53 години планира да се врати на боксот. Враќањето на рингот, барем кога станува збор за егзибициските борби, е прашање на време.

Се вчитува...