Тајсон знае како – Мало опуштање со марихуана пред и по мечот со Џонс Џуниор

Легендарниот Мајк Тајсон се бореше со Рој Џонс Џуниор во меч кој беше во хуманитарни цели. Како што беше најавено на крајот борбата немаше победник, а кога го прашаа Тајсон по мечот дали користел марихуана, тој не сакаше да лаже.

„Да, секако. Не можам да престанам да пушам тука така. Пушев и додека активно се борев, пушам и сега, редовно го правам тоа и нема никакви негативни ефекти на мене. Така живеам така и ќе умрам“, изјави Тајсон. 

Голем број на борци бараа оваа терапија да биде дозволена, но стручните лица велат дека не смее да биде дозволено пред борба бидејќи може го „умртви“ борецот и да му помогне да издржи поголем број силни удари.

Се вчитува...