Така е кога ќе ви замине Роналдо: Меси и Суарез – 28 гола, цел Реал – 26!

Еден поглед на табелата во Ла Лига и доволно зборува за разочарувачката сезона на Реал Мадрид. „Кралевите“ по 18 кола имаат десет бода помалку од водечката Барселона. Во Мадрид тоа е апсолутно недозволиво.

Се навестува отказ и за уште еден тренер, иако во прашање е колку Сантијаго Солари е виновен за оваа ситуација. Се создаваат шанси, има игра но во фазата за демонстрација на капацитет за гол има недостасток. Или, со друи зборови: животот без Кристијано Роналдо не може да биде подобар од животот со Кристијано Роналдо!

Едноставна статистика кажува се. Од почетокот на Ла Лига оваа сезона двоецот на Барса, Лионел Меси и Луси Суарез постигнал 28 гола (16+12), а целиот тим на Реал заедно – 26 погодоци! Би било можеби и уште повеќе таа разлика ако Меси не пропуштеше два натпревари досега, а Суарез еден меч на Барса.

Интересно, Лионел Меси во 16 одиграни кола постигнал 16 погодоци и има 10 асистенции. Што би се рекло заслужен за 26 гола на Барселона. Сите заедно во Реал имаат толку голови сезонава.

Се вчитува...