Бизарен гол како оној вчера на „Олд Трафорд“ пред 12 години имаше и во македонското првенство (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед вчера го победи составот на Арсенал со 3:2, но сите зборуваат за првиот гол на „топчиите“ кој падна на бизарен начин. По изведен корнер, Фред го нагази својот голман Де Геа, кој остана да лежи на тревата, а потоа Смит-Роу стрелаше во мрежата. ВАР технологијата процени дека голот е регуларен, и дека треба да важи, со што почна радоста на фудбалерите на лондонскиот тим.

Ист таков гол беше виден и во македонкото првенство и тоа пред 12 години во сезоната 2008/2009. Силите ги одмерија Металург и Победа на Железарница. Нафрлена топка од корнер на прилепчани, а тогашниот голман на Металург, Ванче Манчевски лежеше повреден на гол линијата. Топка се одби до еден фудбалер на прилепчани, кој од прва стрелаше кон голот, Манчевски не можеше да интервенира, и топката заврши во мрежата. Тогаш, се разбира, немаше ВАР технологија, ама и тогаш голот беше признат. И тогаш реагираа домашните играчи кон судијата, но залудно.

Интересен е фактот што како и вчера, така и тогаш, Металург се врати во мечот, направи пресврт и победи со 2:1. Вчера исто така оној што прими таков гол, на крај ја однесе победата, а тоа беше Манчестер Јунајтед тимот кој го прими бизарниот гол.

Голот од вчерашниот дуел на „Олд Трафорд“ може да го погледнете ТУКА.

Се вчитува...