Таксистот од Москва: Не сум терорист, само ми се спиеше…

Сообраќајната несреќа во која таксист налета на осум мексикански навивачи сепак не е терористички чин, туку се должи на премореноста на возачот на таксито. Тој беше сослушан од страна на полицијата и против него ќе биде покрената соодветна судска постапка, но таксистот искрено говореше за несаканата случка.

„Каков терорист, тоа нема никаква врска. Да бидам искрен, се се случи бидејќи многу ми се спиеше. Бев преморен, работев 20 часа без престан. И претходниот ден возев исто толку, веќе немав концентрација. Бев на сто метри од својот дом, гледав само да стигнам, но тогаш наместо на кочница стиснав на педалата за гас… и е случи хаосот“ – изјави таксистот чие име се уште не се објавува во јавноста.

За среќа, во целиот инцидент немаше посериозно повредени лица, а мексиканските фанови веднаш ќе ја остават оваа случка зад себе откако нивните миленици денеска приредија сензација со триумфот над светскиот првак Германија.

Се вчитува...