Заврши полувремето од натпреварите во Лигата на шампионите. Тактичката војна во Париз засега е без голови. ПСЖ е нешто поконкретен и подобар во поседот, а Реал Мадрид како свесно да му ја препушта иницијативата на противникот.
Најдобрата шанса во првиот дел ја имаше Мбапе, но Куртоа спасуваше. Во финишот прилика за Каземиро, но со глава се обиде само крај голот.
Затоа на другиот натпревар има четири гола по првиот дел. Манчестер Сити го „гази“ Спортинг и го води со 0-4. Марез во 7. минута, потоа Силва во 17. минута, и на крај Фоден во 32. минута и повторно Силва во 44. минута, носат голема предност за Англичаните, кои со една нога веќе се во 1/4 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА