Тактиката е подготвена – Македонија на „млад погон“ ќе проба повторно да ја изненади Данска (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија денеска и гостува на Данска во натпревар од четвротото коло во квалификациите за Европското првенство 2022 година. По сензацијата во Скопје, селекторот Кирил Лазаров одлучи на овој меч да им даде шанса на младите, па покрај тоа што поради повреда Столе Стоилов отпадна уште пред заминувањето за Алборг, на денешниот натпревар нема да играат ниту тој, ниту повратникот во националниот дрес Филип Миркуловски.

Овојпат двата ракометни аса на Македонија од клупата ќе ги водат младите репрезентативци во обид повторно да се изненади актуелниот светски шампион.

 

Подготовки пред попладневниот дуел со Данска

Posted by Filip Mirkulovski on Sunday, March 14, 2021

Се вчитува...