Тактиката е спремна, Вардар знае како треба со Копенхаген (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар вечерва го одработеа единствениот тренинг на стадионот „Телиа паркен“, каде утре ќе ги одмерат силите со Копенхаген во реваншот од третото квалификациско коло за влез во Лигата на шампионите.

„Вардарци“ најавуваат дека нема да ја бранат минималната предност од Скопје, туку дека и во Данска ќе покажат дека можат да се надигруваат со реномираниот противник. Тактиката е подготвена, а денешниот тренинг беше искористен за „запознавање со теренот“ каде утре ќе се води битката со данскиот шампион.

Овој стадион е со капацитет од 38.000 седишта, кои се очекува да бидат исполнети за да им се даде на избраниците на Солбакен ветер во грб во битката со македонскиот првак.

parken3 parken1 parken2

Се вчитува...